logo
logo
logo

Индонезиска подморница со 53 морнари исчезна кај Бали

Vecer | 21.04.2021

Индонезиска подморница со 53 морнари исчезна кај Бали

Индонезиската воена морнарица трага по исчезната подморница со 53 члена на екипажот и бара помош од соседна Австралија и Сингапур, изјави командантот на вооружените сили Хади Тјахјанто.

Подморницата КРИ „Нангака-402“ од германско производство спроведувала вежба за торпедо во водите северно од Бали, но не известила за резултатите, изјави портпаролот на воената морнарица.

„Во водите на Бали, на 96 километри од тој остров, бараме 53 исчезнати“, рече Тјахјанто.

Според него, контактот со подморницата бил изгубен во средата во 4.30 часот. Тој исто така потврди дека неговата земја побарала помош од Австралија и Сингапур во потрага по бродот и членовите на екипажот.

Претставниците на министерствата за одбрана на Австралија и Сингапур сè уште не ги коментираа наводите за инцидентот.

Подморницата од 1.395 тони е изградена во Германија во 1987 година. Во меѓувреме, таа била на двегодишен ремонт во Јужна Кореја и повторно се приклучила кон флотата во 2012 година.

Индонезија претходно имаше флота од 12 подморници купени од поранешниот Советски Сојуз, која беше заменета со пет пловни објекти.

Две подморници се од германско производство тип 209, а три подморници се понови јужнокорејски пловни објекти.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk