logo
logo
logo

“ИНДИСКОТО СЦЕНАРИО“ СЕ ПРЕЛЕВА И ВО ДРУГИ ДРЖАВИ: Ломачи горат, заразени се повеќе, а во опасност се и нивни соседи

Vecer | 06.05.2021

“ИНДИСКОТО СЦЕНАРИО“ СЕ ПРЕЛЕВА И ВО  ДРУГИ ДРЖАВИ: Ломачи горат, заразени се повеќе, а во опасност се и нивни соседи

Ломачи горат и понатаму горат во непосредна близина на границата со Индија, како потсетник на тоа колку работите можат брзо да ескалираат.

Коронавирусот извесно време дивее во Индија а ситуацијата секој ден е се покритична. Вакцинацијата оди бавно, во болниците нема доволно место за пациенти ни доволно кислород, а постои стравување дека ова сценарио би можело да се префрли и во сосетството – во Пакистан.

Ломачите и понатаму горат во непосредна близина на границата со Индија, како потсетник на тоа колку работите можат брзо да ескалираат кога е во прашање коронавирусот.

Во Пакистан во март забележано е 16.000 случаи на корона, а во април околу 140.000. Тогаш имало и околу 3.000 смртни случаи. Тоа бил најлош месец од почетокот на пандемијата.

Официјалните податоци откриваат дека капацитетите со кревети во единиците за интензивна нега во јавните и приватните болници достигнал повеќе од 93 отсто, додека во некои градови престанале со работа. Околу 80 отсто изнесува искористеноста на респиратори и кревети со кислород.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk