logo
logo
logo

Илјадници на Црвениот плоштад во Москва ја прославуваат анексијата (ФОТО)

Vecer | 30.09.2022

Илјадници на Црвениот плоштад во Москва ја прославуваат анексијата (ФОТО)

"Ние ќе победиме!" рече рускиот претседател, што беше придружено со аплауз од неколку илјади негови приврзаници, кои носеа руски знамиња.

"Добредојдовте дома!" рече тој, обраќајќи им се на жителите на анектираните украински територии, велејќи им дека „се вратиле во својата историска татковина“. Путин зборуваше пред гледачите поканети да гледаат поп концерт на Црвениот плоштад кој се емитуваше на телевизија.

„Русија не само што ја отвора вратата од својата куќа за овие луѓе, туку го отвора своето срце“, рече тој на бината специјално поставена за таа прилика на познатиот плоштад под ѕидовите на Кремљ.

Меѓу толпата можеше да се забележат голем број руски знамиња, објави новинарот на АФП. Некои носеа ленти со црни и портокалови риги во чест на свети Ѓорѓи, поранешна царска воена декорација, која подоцна стана симбол на победата на Црвената армија над нацистичка Германија.

Поставени биле неколку големи екрани и моќен систем за озвучување за насобраните да можат да го следат говорот на рускиот претседател и настапот на познатите руски музичари. „Сега сме посилни затоа што сме обединети“, рече Путин со микрофонот во рака.

Рускиот претседател посочи дека ова е „посебен, историски ден на вистината и правдата“ во време кога руските војници „херојски ја бранат одлуката на народот“ во Украина.

„Ќе направиме сè за да им помогнеме на нашите браќа и сестри во Запорожје, Херсон, Луганск и Доњецк, со цел да ја зајакнеме нивната безбедност, да ја започнеме економијата и реконструкцијата“, рече тој неколку часа по потпишувањето на одлуката за анексија на четирите украински региони на церемонија во Кремљ.

Лидерите на западните земји колективно, како и Европскиот совет, и поединечно, ја осудија руската анексија на четирите окупирани украински региони. Украина официјално побара прием во НАТО, а украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Киев е подготвен да разговара со Русија, но не додека Путин е нејзин претседател.

Киев соопшти дека украинската армија ќе продолжи да ја ослободува својата територија окупирана од Русија и дека „ништо не се менува“ откако Путин најави припојување на четирите делумно окупирани украински региони кон Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk