logo
logo
logo

Илјадници верници во Индија на ритуално капење во реката Ганг

Vecer | 12.04.2021

Илјадници верници во Индија на ритуално капење во реката Ганг


Индија објави рекордни 168.912 случаи на коронавирус, што е најголем дневен број во светот. Во исто време, расте загриженоста за понатамошно ширење на заразата, бидејќи стотици илјади верници одат на ритуално капење во реката Ганг.

Секое шесто лице ново заразено со коронавирус во светот доаѓа од Индија. Бројот на нови случаи денеска го надмина бројот на заразени во Бразил и изнесува 13,53 милиони, додека според бројот на заразени Индија е зад САД, соо вкупно 31,2 милиони заразени луѓе.

Целосното отворање на индиската економија по затворањето минатата година, масовните верски фестивали и политичките митинзи во земјите каде се одржуваат изборите го влошија вториот бран на заразата, велат експертите.

Во Харидвар, град на северот на земјата, скоро милион верници се собраа на бреговите на Ганг, река што многу хиндуси ја сметаат за света, за да се приклучат на повеќемесечниот фестивал Кумб Мела, ризикувајќи зголемување на бројот на заразени.

Неколку од нив носеа маски додека се туркаа во вода.

Властите наметнаа задолжително тестирање на оние кои се приближуваат до областа, додека полицијата се борат да ја задржат толпата народ.

Во четири големи држави овој месец треба да се одржат и избори, додека премиерот Нарендра Моди треба да отпатува во Западен Бенгал, за да се појави на митинг што се очекува да привлече илјадници луѓе.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk