Илјада Чеси побараа оставка од премиерот Бабиш

Повеќе од илјада граѓани на Чешка се собраа во Прага барајќи оставка од премиерот, Андреј Бабиш, поради скандал во врска со злоупотреба на средства од Европската Унија.

Бабиш се соочува со обвиненија кои тој ги негира,  дека злоупотребил субвенции од ЕУ за фарма што ја префрлил на членови на семејството, вклучувајќи го и синот, пренесе „АП“.

Притисокот падна врз Бабиш оваа недела уште повеќе, кога неговиот син за еден информативен портал изјави дека бил намерно држен на Крим за да избегне сослушување по повод овој случај.

Бабиш ги негира наводите, наведувајќи дека неговиот син кој живее во Швајцарија е ментално е заостанат, а таму престојувал доброволно.

Нови протести се најавени и за утре.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари