Франција

ИД презеде одговорност за нападот во Марсеј

Претходно, францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон изјави дека властите не ја исклучуваат можноста оти нападот во Марсеј претставува терористички чин, но дека засега немаат докази за тоа

Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот на железничката станица Сен-Шарл во Марсеј во неделата, при кој беа убиени две жени.

- Борец на Исламската држава е одговорен за нападот со нож на железничката станица во Марсеј, се наведува во соопштението што го објави агенцијата на ИД, Амак.

Претходно, францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон изјави дека властите не ја исклучуваат можноста оти нападот во Марсеј претставува терористички чин, но дека засега немаат докази за тоа.

Според Колон, на снимките од безбедносните камери се гледа дека напаѓачот прво ја напаѓа една од жените и бега, но потоа се враќа на истото место и ја нападнал и другата жртва. Жените биле на возраст од 21 и 30 години.

Напаѓачот веднаш беше ликвидиран од припадници на француските безбедносни сили, но неговиот идентитет не е соопштен, освен дека е на возраст од 30 години.

Поврзани

Најнови вести

Коментари