logo
logo
logo

Нивниот 24/7

И во Белорусија грабаат И СУДАТ НОВИНАРИ ЗА ТЕРОРИЗАМ

Vecer | 24.05.2021

И во Белорусија грабаат И СУДАТ НОВИНАРИ ЗА ТЕРОРИЗАМ

Белорусија го стави новинарот на меѓународна потерница и го вклучи на списокот на лица вклучени во тероризам. Во отсуство, тој е обвинет за организирање масовни немири во Минск и за поттикнување социјално непријателство кон владините и полициските службеници.

И оние кои дотогаш не знаеја за него, во неделата слушнаа за Роман Проташевич (26), млад новинар и блогер од Белорусија. Тој беше уапсен вчера на аеродромот во Минск откако претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нареди присилно слетување на авионот на „Рајанер“, во кој се наоѓаше Проташевич.

Овој инцидент, кој многумина го нарекоа „киднапирање“ и „чин на државен тероризам“, беше остро осуден од европските и светските претставници.

Проташевич леташе од Атина за Вилнус, главниот град на Литванија, кога авионот мораше принудно да слета во Минск, по дојава за бомба, која што се покажа како лажна. Вистинската причина за овој инцидент беше Проташевич.

Кој е Роман Проташевич?

Проташевич е белоруски новинар, фоторепортер и блогер. Тој е жител на Минск, но неодамна живее во егзил во Полска.

Има работено осум години за белоруските медиуми, а во 2015 година, заедно со Степан Путил, го основа YouTube каналот Next, кој во 2017 година го пресели на Telegram. Подоцна се подели на Nexta и Nexta Live.

На каналот тој емитуваше снимки од протестите против белорускиот претседател Александар Лукашенко. Телегррам го користеа емитување во време кога на странските медиуми им беше тешко да известуваат од прва рака од поранешната советска држава.

Подоцна тој стана главен уредник на друг канал на Телеграм кој во Белорусија беше препознат како екстремистички Brain Belarus, преку кој ги ппокриваше протестите.

Проташевич сега работи за Беламова, друг канал на Телеграм.

Белорусија го стави новинарот на меѓународна потерница и го вклучи на списокот на лица вклучени во тероризам. Во отсуство, тој беше обвинет за организирање масовни немири во Минск и за поттикнување социјално непријателство кон претставниците на владата и полицијата.

Тој ги негираше овие обвинувања, но доколку биде осуден, може да се соочи со 15 години затвор.

Стравувајќи од прогон и од политички причини Проташевич ја напушти земјата во 2020 година и на 23 мај 2021 година беше задржан на аеродромот во Минск.

Дали му се заканува смртна казна?

Патниците од авионот на Рајанер, кој принудно слета во Минск во неделата, рекоа дека еден од патниците се фатил за глава кога авионот направил маневар.

- Ми се закануваат со егзекуција - наводно му рекол Проташевич на патникот со кој седел до него во авионот кога дознал дека ќе слета во својата татковина.

Патникот рекол дека Проташевич започнал да паничи, сепак се смирил кога полицијата влегла во авионот.

Еден од патниците синоќа раскажа дека тој се повлекол настрана, а неговите работи биле фрлени на пистата, додека полицаец цело време стоел до него. Кога патниците го прашале што се случува, тој им кажал кој е и дека му се заканува смртна казна.

- Животот на новинарите е сериозно загрозен - рече Ана Красулина, портпарол на опозицискиот лидер Светлана Тихановскаја за медиумите после настаноот.

Од нејзините зборови стана јасно дека, иако сè уште не е обвинет за смртна казна, работите може да се променат, пренесува порталот Clubz.bg.

Според неа, Проташевиќ е предмет на три обвинувања од режимот на претседателот Александар Лукашенко: намерни активности насочени кон поттикнување социјална омраза заснована врз професионална припадност, организирање масовни немири и организирање групни акции кои грубо го нарушуваат јавниот ред и мир.

Најстрогата казна е изречена во првото обвинение – каде му се закануваат до 15 години затвор, објасни Красулина. Сепак, проблемот е во тоа што затворениците во Белорусија добиваат нови обвиненија од притвор.

„Тие се измислени и можат да се менуваат, вклучително и оние што се казнуваат со смрт со пукање“, додаде таа.

Пред неколку дена, белорускиот дисидент Витолд Ашурок почина на работна колонија

- Всушност, тој почина под неразјаснети околности. Постојат добри причини зошто се верува дека е убиен - рече Ана Красулина.

Таа посочи дека Проташевич е „личен непријател на Лукашенко“ и дека против таквите луѓе биле извршени разни злосторства, вклучително и киднапирање.

- Тоа беше случај со телевизискиот оператор Дмитриј Завадски. Исчезна во 2000 година на пат кон аеродромот во Минск и никогаш не беше пронајден. За него се верува дека е убиен. И затоа е очигледно дека постои многу голема и сериозна опасност по животот на Проташевиќ - додаде Красулина.

Белорусија е единствената земја во Европа каде се изрекуваат смртни казни и се спроведуваат на лица на возраст од 18 до 65 години. Немаше такви во 2020 година, но во 2019 година двајца беа погубени.

Каде е Роман?

Поддржувачи на белорускиот опозициски новинар се собраа синоќа на аеродромот во Вилнус, држејќи постери на кои пишуваше: „Рајанер, каде е Роман?!“

Од канцеларијата на Лукашенко соопштија дека тој лично наредил лансирање на ловецот МиГ-29 во воздухот со цел да го придружува авионот до Минск.

Заканата за бомба била примена додека авионот бил над Белорусија, додаваат од кабинетот на претседателот. Сепак, подоцна беше објавено дека во авионот не е пронајден експлозив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk