Некои го заборавиле Франко

И владејачката партија во Шпанија со закани до Пуџдемон

Касадо алудираше на Луис Компанис кој прогласи независност на Каталонија во 1934 година, но малку подоцна бил уапсен. Шест години подоцна бил егзекутиран од диктаторот Франко

Каталонскиот лидер Карлас Пуџдемон ризикува да заврши како негов претходник во 30-те години од минатиот век доколку се обиде да прогласи независност на Каталонија, изјави портпарол на шпанската владејачка партија.

– Се надеваме дека утре ништо нема да биде прогласено, бидејќи тој што ќе прогласи независност ќе заврши како тој што прогласи такво нешто пред 83 години, изјави Пабло Касадо, портпарол на вјадејачката Народна партија.

Касадо алудираше на Луис Компанис кој прогласи независност на Каталонија во 1934 година, но малку подоцна бил уапсен. Шест години подоцна бил егзекутиран од диктаторот Франко.

Касадо нагласи дека мислел на „апсење, а не на егзекуција". Неговата изјава предизвика негодување кај политичарите во Каталонија кои се за независност.

Поврзани

Најнови вести

Коментари