logo
logo
logo

И Русија пријави случаи од новата мутација на делта-сојот - велат дека е позаразен

Vecer | 21.10.2021

И Русија пријави случаи од новата мутација на делта-сојот - велат дека е позаразен

Русија пријави неколку зарази со новата варијанта на Ковид-19, за која се верува дека е позаразна од делтата, јави во четвртокот новинската агенција РИА.

Можно е вартијантата AY.4.2 побрзо да се шири, рече научникот Камил Кафизов, кого го цитира РИА.

Тоа може да предизвика ново и побрзо ширење на заразата, а Русија со денови е соочена со рекордни бројки.

Новата варијанта може да ја замени делтата, иако тој процес би се одвивал бавно, вели Кафизов.

Оваа подваријанта на делта сојот најпрво беше регистрирана во Велика Британија, потоа Израел пријави случаи со новиот сој, а денеска и Русија.

Путин одобри неработна седмица

Претседателот на Русија, Владимир Путин, одобри предлог на владата една седмица да биде нераотна, односно од 1 ноември, откако бројот на починати во Русија во изминатите 24 часа достигна рекордно нив. Вчера имаше 1.028 починати и 34.073 новозаразени.

Подваријантата AY 4.2 е најдена кај 6 отсто од секвенционираните примероци, објави минатата недела британската Агенција за здравствена сигурност, но не е под истрага и не е означена како варијанта која предизвикува загриженост.

Директорот на институтот за генетика од Лондон, Франсоа Бало рече дека новата варијанта уште е ретка и дека изгледа оти не е позаразна од другите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk