logo
logo
logo

И по Путин, пак Путин!

Vecer | 24.03.2021

И по Путин, пак Путин!

Рускиот парламент денеска го изгласа законското решение со кое му се дава можност на Владимир Путин да се кандидира за уште два претседателски мандати, со што потенцијално, тој може да остане шеф на руската држава до 2036 година.

Со овој нормативен акт, во суштина се усогласува „изборното законодавство со новите одредби на Уставот“, пишува на веб-страницата на горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата. Новиот Устав беше прифатен на референдумот одржан минатата година.

Контроверзните законски измени му дозволуваат на 68 годишниот руски претседател да остане на власта, откако теоретски, тој требаше да замине од функцијата на крајот на актуелниот мандат кој му истекува во 2024 година.

Инаку, конкретната интервенција важи само за Путин бидејќи, како што е нагласено во текстот на законот, ограничувањето од најмногу два последователни мандата важи за секој иден претседател, освен за оној што оваа должност ја извршувал пред влегувањето во сила на измените и дополнувањата на Уставот.

Путин беше претседател на Русија во два мандата, од 31 декември 1999 до мај 2008 година. По крајот на својот втор мандат, Путин нема право да бара трет последователен претседателски избор па станува премиер, додека Димитриј Медведев е избран за негов наследник.

По измените на Уставот во 2012, мандатот на претседателот од 4 е зголемен на 6 години.

Истата година тој повторно се кандидира и е избран за претседател. Четвртиот мандат му тече од 2018 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk