logo
logo
logo

И на Руси им СТУДИ

Vecer | 05.12.2022

И на Руси им СТУДИ

Додека руската војска ја уништува инфраструктурата на Украина и остава милиони луѓе без струја или топлина, многу Руси се соочуваат со слични проблеми.

Тие се соочуваат со овие проблеми бидејќи експерти за централно греење во моментов се на првата линија во Украина, пишува The Telegraph.

Жителите на градот Астрахан во Астраханската област во близина на Каспиското Море преку социјалните мрежи се пожалија дека занаетчии од нивниот град биле испратени во Украина, иако на граѓаните им се многу потребни во текот на зимата.

„Се обративме до воените службеници и им објаснивме дека доаѓа грејната сезона и дека ни требаат луѓе, но не добивме јасен одговор“, изјави жител на Астрахан за „Можеме да објасниме“, канал на комуникациската платформа Телеграм.

Температурите во Сибир може да паднат до -40 степени Целзиусови, што значи дека неисправните системи за централно греење можат да бидат многу опасни.

Наредбата за мобилизација на резервистите ја издаде претседателот на Руската Федерација Владимир Путин во септември, а руската армија после тоа прими 320.000 нови војници. Меѓутоа, како што пишува Телеграф, близу милион Руси, а можеби и дури 1,2 милиони избегале во странство за да не мора да војуваат. Русија тогаш остана без многу работници.

Институтот Гајдар во Москва објави студија во која се наведува дека на една третина од сите индустрии во Русија им недостасуваат работници. Москва планира да го реши овој проблем со доведување работници од Централна Азија, но тие нема да дојдат веднаш. Додека да пристигнат, многу домаќинства ќе се соочат со температури на кои водата во цевките замрзнува.

Вестите за претстојната руска криза со централно греење доаѓаат откако руските сили нанесоа голема штета на електричната мрежа на Украина. Многу украински градови би можеле да имаат проблеми со електричната енергија до март 2023 година. Се проценува дека Украина изгубила 70 отсто од капацитетот за производство на електрична енергија по руските напади.

А зимските услови на предната страна моментално изгледаат вака:

Светската здравствена организација објави дека 10 милиони Украинци во моментов живеат без струја.

Украинската влада побара од побогатите Украинци привремено да се преселат во други европски земји. Покрај тоа, инсталираше илјадници генератори кои им овозможуваат на сограѓаните да ги полнат батериите на мобилните телефони, да се стоплат и да јадат топол оброк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk