И Ким Јонг Ун има одговор до Трамп!

Ким Јонг Ун направил крајни напори да дојде до самит со Доналд Трамп 

После одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја откаже историската средба со лидерот на Северна Кореја, од Пјонгјанг велат дека и понатаму се подготвени за средба.

Севернокорејската агенција KCNA наведува дека Ким Јонг Ун направил крајни напори да дојде до самит со Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.

Пјонгјанг оценува дека одлуката на Трамп за откажување на состанокот кој требаше да се одржи 12 јуни во Сингапур, не е во склад со "желбата на светот".

Да потсетиме, американскиот претседател вчера ненадејно ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер, а за таа одлука го обвини Пјонгајанг. Предупредил дека војската на САД е "подготвена, и ако треба, ќе одговори на несоодветните акции" на Северна Кореја.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари