logo
logo
logo

И ЕУ ќе прогласува невладини организации ЗА СТРАНСКИ АГЕНТИ

Vecer | 18.03.2023

И ЕУ ќе прогласува невладини организации ЗА СТРАНСКИ АГЕНТИ

Европската унија работи на закон кој ќе ги принуди невладините групи, консултантите и академските институции да обелоденат какво било финансирање што не е од ЕУ како дел од сузбивањето на странското влијание во блокот, потврдија три извори за Политико.

Планираното законодавство, кое е во многу рана фаза, повторува слични закони во Австралија и САД. Во САД, Законот за регистрација на странски агенти бара од лобистите кои работат во име на странски влади да се регистрираат кај федералната влада уште од 1938 година.

Верзијата на ЕУ веројатно нема да таргетира поединци, но ќе ги натера и комерцијалните и непрофитните организации ширум блокот да откријат финансирање од не-ЕУ кои се однесуваат на трансакции како што е плаќањето за академски студии, според еден претставник на Европската комисија кој побара да остане анонимен за да разговараат за прелиминарното размислување околу законот, кој треба да биде финализиран кон крајот на мај.

Европа се бори со низа операции на странско влијание во последниве години - од руски кампањи за хакерство и протекување дизајнирани да ги променат резултатите од изборите, до кинески грантови за универзитети кои имаат за цел да ја обликуваат реториката за човековите права, до - неодамна - корупцијата во Катаргејт скандал што го потресе Европскиот парламент.

Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен објави пакет за „одбрана на демократијата“ за време на нејзиниот говор за состојбата на Унијата минатиот септември, со кој започна работата на нацрт-законот за странско влијание, предводен од потпретседателката на Комисијата за правда, Вера Јурова.

Сепак, критичарите го нарекуваат тајмингот незгоден. ЕУ ја интензивираше работата на предлогот токму кога Грузија избувна во протести поради сличен нацрт-закон, кој ќе ги принуди организациите да се регистрираат како „агенти на странско влијание“ доколку повеќе од 20 отсто од нивното финансирање доаѓа од странство.

Тој предлог-закон, широко перципиран како обид за заострување на владината контрола по руската линија, беше повлечен по масовните протести.

„Очигледно е деликатна работа“, рече претставникот на Комисијата. „Сè уште сме во раните фази на собирање информации од широк опсег на засегнати страни за да се увериме дека го преземаме вистинскиот пристап“.

Покажувајќи колку е чувствително ова прашање, невладините организации се наежуваат околу прелиминарниот прашалник испратен во име на Комисијата, кој треба да биде вклучен во проценката на влијанието што треба да биде завршена во април како дел од изготвувањето на законот.

Според копија од истражувањето што го виделе во Политико, од испитаниците веќе се бара да ги наведат нивните извори на финансирање кои не се од ЕУ.

Ова прашање за финансирањето „изненади многу луѓе“, рече Ник Аиоса, шеф за политика и застапување во Транспаренси Интернешнл, кој рече дека учествувал во устен прашалник со третата страна што го спроведувала истражувањето. „Водечките прашања сугерираа дека тие оценуваат дали Транспаренси Интернешнл е закана за демократијата“.

Некои невладини организации изразија загриженост дека “ако Европа продолжи со сопствената верзија на Законот за регистрација на странски агенти на САД, таа би можела да биде употребена од моќници како унгарскиот премиер Виктор Орбан за да ги запре продемократските сили во нивната земја“.

За да ја смири загриженоста, Журова ќе одржи серија состаноци со групите на граѓанското општество подоцна оваа недела, рече официјалниот претставник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk