logo
logo
logo

Хрватски лекари: Вакцините против Ковид-19 се безбедни, спречуваат тешка форма на болеста и смрт

Vecer | 10.02.2021

Хрватски лекари: Вакцините против Ковид-19 се безбедни, спречуваат тешка форма на болеста и смрт


Да се ​​вакцинира или да не се вакцинира со достапна вакцина против коронавирусот е лажна дилема, порачаа медицинските здруженија во Хрватска.

Тие истакнуваат дека сите одобрени вакцини против Ковид-19 се безбедни и успешни во спречување на тешки форми на болеста, хоспитализација и смрт на пациентите.

„Нашата порака до граѓаните е – вакцинирајте се со вакцината што е достапна, бидејќи ризикот од вакцинација е неизмерно помал од ризикот од Ковид-19“, изјавија од Хрватската медицинска комора, Хрватското лекарско здружение, Хрватскиот лекарски сојуз, Хрватското здружение на болнички лекари и семејна медицина, Хрватското епидемиолошко друштво, Хрватското друштво за инфективни болести на Хрватското лекарско здружение.

Објаснуваат дека неколку европски земји одлучиле да не вакцинираат лица над 65 години со вакцината „Астразенека“, но не поради сомнителна безбедност на вакцината за таа возраст, туку затоа што истражувањето на вакцината сè уште не опфатило доволно стари лица.

Медицинските асоцијации забележуваат дека досега спроведените истражувања не ја довеле во прашање безбедноста на вакцините за лица над 65 години, а во тек се низа научни студии за да се докаже нивото на ефективност во таа возрасна група.

„Ниту една вакцина не е ефикасна 100 проценти. Добар пример е вакцина против сезонски грип која е ефикасна околу 45 проценти, но никој не ја доведува во прашање нејзината употреба“, велат медицинските здруженија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk