logo
logo
logo

ХОРОР ВО КЛИНИКА: Влезе внатре и почна да пука, а се слушна бомба (ВИДЕО)

Vecer | 10.02.2021

ХОРОР ВО КЛИНИКА: Влезе внатре и почна да пука, а се слушна бомба (ВИДЕО)

Американските власти соопштија дека едно лице пукало во неколку лица вчера на клиника во Бафало, во американската држава Минесота.

Пукањето се случи вчера на клиниката Алина, која се наоѓа на околу 64 километри северозападно од Минеаполис, изјави за АП полицијата од Бафало.

Половина час по пукањето, според локалните медиуми, експлодирала бомба во клиниката, но полицијата сè уште не го потврдила ова.

Локалните медиуми јавуваат дека еден човек бил уапсен.

Според првите извештаи, најмалку 9 лица биле повредени, пренесува „Fox“, повикувајќи се на изјавите на локалните власти.

Сè уште не е познато колку луѓе имало во делот на клиниката каде се случил нападот, ниту мотивот за ова злосторство.

Новинар на „CBS News“ известува дека целата област околу клиниката е блокирана и дека има основно училиште во непосредна близина на болницата.

Снимките од воздухот покажаа скршено стакло на влезот на клиниката, а многу од луѓето кои беа во близина потврдија дека се слушнала детонација.

https://www.youtube.com/watch?v=loR5itTHX_I&feature=emb_title

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk