logo
logo
logo

ХОРОР ПРЕДВИДУВАЊА НА НАУЧНИЦИТЕ: Што може да се смени за човештвото во наредни 10 години?

Vecer | 03.06.2021

ХОРОР ПРЕДВИДУВАЊА НА НАУЧНИЦИТЕ: Што може да се смени за човештвото во наредни 10 години?

Апокалиптичните предвидувања речиси секогаш се чинат нереални и многу далечни, но што ако ви кажеме дека некои од најлошите сценарија се предвидуваат за наредни 10 години, пишува Блиц.рс.

Научниците претпоставуваат дека во наредната деценија светот ќе се бори со вештачка интелегенција, ГМО, болести, вируси...

Еве ги најлошите црни сценарија за наредни 10 години:

Дронови убијци

Програмираните дронови кои војуваат место луѓе звучат како одлична идеја. Но, што ќе се случи доколку тие погодат погрешна мета или пак паднат во рацете на терористите? Или пак некој ги програмира за геноцид?

Хакерски напади

Замислете на едно место да имате важни податоци – мејл, телефон, компјутер? И во тој уред некој да ви влезе и да ви ги украде сите податоци. А за да ви ги врати податоците ви бара огромна сума на пари?

Опасноста во поседувањето на смарт телефон е што ваквите уреди се најчесто мета на злонамерни хакерски напади. А за податоците во нив луѓето се спремни да платат огромни суми.

Истребување на работни места

Со напредокот на технологијата, се повеќе работни места стануваат непотребни.

Според анализата на Блиц.рс оние професии кои се уште не се мета на истребување се водоинсталатери, електричари, медицински сестри и сите останати каде човековата креативност не може да биде заменета.

Вештачка интелегенција

Разузнавач на ЦИА признал дека ги набљудувал своите "таргети" преку неговите лични уреди како компјутер и телефон.

Предвидувањата за наредните 10 години е дека вештачката интелегенција ќее го прати секој наш чекор, па оттаму и нашата приватност ќе стане историја.

Лажни вести

Со помош на технологијата Deepfake се отвора можноста на секој човек да му ставите "збор во уста" кој никогаш не го изговорил. Замислете си некој лидер на голема сила како дава садистички изјави.

Ваквата фантазија може и да се оствари а со ваквите програми нема да можеме да разликуваме што е вистина а што лага или монтажа.

Биолошко оружје

Бил Гејтс во неколку наврати предупреди дека на светот му се ближи пандемија која ќе го направи населението "слепо и глуво".

Во овој контекст тој го спомнува ГМО-то како и оние кои сакаат и развиваат биолошки оружја се со цел да направат хаос во светот.

Вируси

Британските научници во неколку прилики предупредија за постоењето на бактерии кои се отпорни на антибиотици.

СЗО пак потврди и истакна дека токму ваквата отпорност е најголемата закана по здравјето на светското население и развојот на човековата раса. Според црните прогнози на СЗО, ваквите супербактерии ќе убијат 24 милиони луѓе до 2030та година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk