logo
logo
logo

ХОРОР на југот на Русија: Маж пукал на улица, четворица мртви

Vecer | 24.11.2022

ХОРОР на југот на Русија: Маж пукал на улица, четворица мртви

66-годишен маж во четвртокот уби три лица во трговски кварт во јужниот руски град Крим пред да се самоубие, соопштија локалните власти.

Најмалку две жртви му биле познати на напаѓачот, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи од локалниот огранок на Истражниот комитет, кој ги истражува големите злосторства во Русија.

Првичните индиции се дека вооружениот напаѓач застрелал двајца познаници поради „лично непријателство“, се вели во соопштението. Идентитетот на третата жртва, маж, се уште се утврдува.

Во престрелката едно лице е повредено. Станува збор за 61-годишен маж кој е префрлен во болница.

На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види како маж пука додека оди по улица. На крајот од видеото, тој од непосредна близина пука во некого што лежи на земја. Ројтерс не беше во можност да ја потврди автентичноста на снимката.

Кримск е мал град во јужната руска област Краснодар во близина на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk