logo
logo
logo

ХАОС ВО МОСКВА: Гори магацин за пиротехника, се слушаат детонации (ВИДЕО)

Vecer | 19.06.2021

ХАОС ВО МОСКВА: Гори магацин за пиротехника, се слушаат детонации (ВИДЕО)

Во Москва денес изби пожар во магацин за пиротехнички средства при што дојде до серија експлозии.

Огнот ги зафатил петардите и други средства полнети со барут, соопшти руската Служба за вонредни ситуации.

„Магацин со пиротехника гори, се слушаат експлозии“, изјави за ТАСС очевидец на пожарот, додавајќи дека огнот од магацинот ја зафатил и соседната зграда.

Бело-сив густ чад се шири од магацинот и се надвива над градот со километри. Нема извештај за жртви.

Пожарот може да се види јасно од повеќе делови од Москва.

„Според првичните информации, пожарот зафатил област од 150 квадратни метри, па се проширил на соседен објект“, објави ТАСС, повикувајќи се на полициски извор.

Пожарникарската служба соопшти дека пожарот и понатаму е надвор од контрола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk