logo
logo
logo

Хаос во Црна Гора, последно предупредување пред целосно затворање

Vecer | 05.03.2021

Хаос во Црна Гора, последно предупредување пред целосно затворање


Црногорската влада објави видео со кое ги повикува граѓаните да ги почитуваат епидемиолошките мерки и предупредува на можно затворање доколку мерките не дадат резултат.

Владата порача дека се ангажирани сите ресурси со цел да се поттикне населението строго да ги почитува мерките и да се зајакне контролата.

Особено беше посочена исклучително големата улога на медиумите во подигањето на свеста на граѓаните за почитување на oдредбите.

Во јавно обраќање неделава, црногорскиот претседател Мило Џукановиќ повика на затворање на границите на земјата за сите кои немаат негативен ПЦР тест, поради сериозно лошата епидемиолошка состојба.

Конечна одлука сè уште не е донесена, а во меѓувреме е донесена наредба за распоредување војска на улиците за да се следи почитувањето на епидемиолошките мерки.

Државниот секретар на Министерството за финансии, Јанко Одовиќ, како гостин во ТВЦГ, рече дека армијата не дејствува со никакви маневри, не носи оружје, туку е присутна само за да им помогне на граѓаните да ја надминат здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Тој најави и дека контролни пунктови ќе има на сите фреквентни локации во Подгорица и Никшиќ, а од денес и во Бар.

„Ова е последниот чекор пред заклучување. Што значи тоа? Тоа значи дека животот на луѓето целосно се менува. Целата економија ќе запре, а тоа значи помалку приходи во буџетот, но и помалку пари за сите нас“, кажа Одовиќ.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk