logo
logo
logo

ХАОС на самитот Г7: Индиски делегати позитивни, цела делегација во самоизолација

Vecer | 05.05.2021

ХАОС на самитот Г7: Индиски делегати позитивни, цела делегација во самоизолација

Целата индиска делегација на самитот на групата Г7 во Лондон е во самоизолација, откако нејзините двајца члена биле позитивни на коронавирус, соопшти денеска британската влада.

„Двајцата делегати беа позитивни, па сега целата делегација е во самоизолација“, рече британски официјален претставник.

„Средбата беше овозможена со строга серија протоколи за ковид-19, вклучително и дневно тестирање на сите делегати“, додаде тој.

Индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар не бил позитивен на тест за коронавирус, напиша на Твитер новинарот на Скај њуз, Џо Пајк.

Џаишанкар во вторникот се состанал со британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател.

Делегацијата ќе се обиде виртуелно да учествува на состанокот.

Индија не е членка на Г7, но Велика Британија, заедно со Австралија, Јужна Африка и Јужна Кореја, ја поканија на овонеделниот самит.Индиски делегати на самитот Г7 позитивни на ковид-19

Целата индиска делегација на самитот на групата Г7 во Лондон е во самоизолација, откако нејзините двајца члена биле позитивни на коронавирус, соопшти денеска британската влада.

 

 

EPA-EFE/ANDY RAIN

 

 

 

 

„Двајцата делегати беа позитивни, па сега целата делегација е во самоизолација“, рече британски официјален претставник.

„Средбата беше овозможена со строга серија протоколи за ковид-19, вклучително и дневно тестирање на сите делегати“, додаде тој.

Индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар не бил позитивен на тест за коронавирус, напиша на Твитер новинарот на Скај њуз, Џо Пајк.

Џаишанкар во вторникот се состанал со британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател.

Делегацијата ќе се обиде виртуелно да учествува на состанокот.

Индија не е членка на Г7, но Велика Британија, заедно со Австралија, Јужна Африка и Јужна Кореја, ја поканија на овонеделниот самит.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk