logo
logo
logo

ХАОС на рејв журка во Франција: Млад човек остана без рака, 5 жандарми се повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 19.06.2021

ХАОС на рејв журка во Франција: Млад човек остана без рака, 5 жандарми се повредени (ФОТО+ВИДЕО)

22-годишник ја загуби раката и неколку лица се повредени во судирот со полицијата која се обидуваше да разбие нелегална рејв забава во Франција, соопштија денес властите.

Конфликтот избувна синоќа во близина на градот Редон, каде се одржа забава на отворено, само два дена пред укинувањето на полицискиот час во Франција, кој е на сила веќе осум месеци.

Полицијата пукаше со солзавец неколку пати, додека насобраните фрлаа кон нив молотови коктели, метални топчиња и петарди, изјави претставник на регионалната влада, префектот Емануел Бертие.

Според локалните власти, на забавата присуствувале околу 1.500 луѓе.

Бертје ги обвини насобраните за „екстремно и непростливо“ насилство.

На полицијата и беа потребни повеќе од седум часа за да ја разбие толпата, а властите продолжија да ги растеруваат луѓето утрово, изјави Бертје пред новинарите.

Тој изјави дека има истрага за синоќешниот настан, вклучувајќи ги околностите под кои 22-годишникот ја изгубил раката.

Шефот на регионалната полиција за радиото Франс-Инфо изјави дека се верува дека направата што сакал да ја фрли, му експлодирала во раката на младиот човек.

Во последниве недели, Франција постепено ги укина ограничувањата со падот на бројот на нови инфекции и зголемување на бројот на вакцинирани.

Полицискиот час во Франција, еден од најстрогите и најдолгите меѓу европските земји, ќе биде откажан утре.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk