logo
logo
logo

ХАКИРАН ПРОФИЛОТ на премиерот на Австралија, позади тоа стојат Кинези

Vecer | 24.01.2022

ХАКИРАН ПРОФИЛОТ на премиерот на Австралија, позади тоа стојат Кинези

Профилот на WeChat кинески еквивалент на Facebook на австралискиот премиер Скот Морисон бил преземен од мала кинеска технолошка компанија кој тврди дека ја купила страницата поради нејзината голема база на фанови, објави Ројтерс.

Страницата на Морисон била преименувана во „Australia China New Life“ од Fuzhou 985 Technology кои за Ројтерс тврдат дека не знаеле дека страницата била претходно поврзана со премиерот.

Страницата на WeChat, која имала слика на Морисон на сликата на профилот, била искористена за објавување информации за политиките на премиерот на мандарински за австралиските гласачи кои беа од кинеско етничко потекло, според Ројтерс.

Ова го потврди и претседателот на Мешовитиот комитет за разузнавачки и безбедносни прашања на австралискиот парламент, Џејмс Патерсон.

Тој рече дека профилот на Морисон е „преземен и ребрендиран“, пишува CNN.

„Неговиот профил е хакиран“, потврди тој.

WeChat е една од најкористените апликации за пораки во Кина.

Имаше околу 1,2 милијарди корисници месечно во 2020 година.

Огромното мнозинство од нив се наоѓаат во Кина, но исто така е популарно меѓу кинеската дијаспора.

Морисон имал околу 76.000 следбеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk