logo
logo
logo

Хакерски напад на најголемата месна индустрија, дали се РУСИТЕ ВИНОВНИ?!

Vecer | 02.06.2021

Хакерски напад на најголемата месна индустрија, дали се РУСИТЕ ВИНОВНИ?!

Хакерски напад врз најголемата светска компанија за преработка на месо, ЈБС, парализира големи делови од производството во Северна Америка и Австралија.

ЈБС го пријави нападот на американската влада во неделата, изјави во вторникот портпаролката на Белата куќа.

Бразилската компанија ЈБС претходно преку својата подружница во САД потврди дека била цел на напад што ги погодил серверите на нејзините ИТ системи во Северна Америка и Австралија.

Ќе биде потребно извесно време за да се реши ова, рече ЈБС.

Владата на САД соопшти дека хакерите барале откуп. ЈБС ја извести Белата куќа дека барањето доаѓа од криминална организација чие седиште е веројатно во Русија.

Вашингтон веќе и соопшти на руската влада дека одговорна држава не обезбедува засолниште на извршители на ваквите напади, соопшти Белата куќа.

ФБИ е вклучен и истражува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk