logo
logo
logo

Гувернерот на Калифорнија и Маск се препукуваат околу грабежите во Лос Анџелес

Vecer | 14.01.2025

Гувернерот на Калифорнија и Маск се препукуваат околу грабежите во Лос Анџелес

Како што објави денеска „Гардијан“, гувернерот на Калифорнија реагираше откако Маск, кој е најбогатиот поддржувач на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, повторно објави порака на Х, чиј сопственик е, во која лажно ги обвини Њусом и неговите колеги демократи за декриминализирање на грабежите.

- Престанете да охрабрувате грабежи со лажење и велејќи им на луѓето дека е декриминализирано. Не е. Тоа е нелегално – како што и секогаш било, напиша Њусом.

Препукувањата се случуваат во услови на загриженост за грабежи откако сопствениците на куќи кои беа принудени да ги евакуираат своите домови во Лос Анџелес поради ширењето на шумските пожари, се вратија и открија дека нивните домови биле обиени.

Околу 30 лица се уапсени во евакуираните населби во Лос Анџелес, од кои повеќето се осомничени за грабежи, соопшти претходно денеска полицијата во Лос Анџелес. Еден уапсен маж беше пронајден во опожарен дом облечен како пожарникар, додека двајца мажи беа приведени во саботата пред домот на потпретседателката Камала Харис во Лос Анџелес, но подоцна беа ослободени откако не беа пронајдени докази за упад. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk