Гутереш предупреди да се избегне крвопролевање во Идлиб

Тотален судир во Идлиб би довел до хуманитарен кошмар, каков се уште не е виден во крвавиот сириски конфликт, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој апелираше до сите страни кои се директно и индиректно вклучени во конфликтот во Сирија, особено Иран, Русија и Турција, да ги заштитат цивилите и избегнат крвопролевање во последното големо упориште на бунтовниците во Идлиб.

Гутереш рекол дека е јасно оти сегашната ситуација во Идлиб не е одржлива и дека присуството на терористичките групи не може да се толерира, но дека е посебно важно Иран, Русија и Турција да изнајдат начин да ги изолираат групите терористи и да создадат ситуација во која нема цивилите да платат цена за решавањето на проблемот во Идлиб.

Во меѓувреме, американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли го обвини сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници Русија и Иран, дека го разориле последното поголемо упориште на бунтовниците во Идлиб.

Таа повторно предупреди дека Асад и неговите сојузници дека САД ќе го сметаат секој напад на Идлиб за безобразен и дека неговите последици би биле многу тешки.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари