Гутереш: Климатските промени се побрзи од нас, мора да реагираме до 2020 година

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш предупредува дека светот се соочува со директна егзистенцијална закана и дека мора брзо да ја намали зависноста од фосилни горива до 2020 година, за да не излезат од контрола климатските промени.

Првиот човек на светската организација нагласува дека се работи за кризна ситуација која итно треба да се реши, укажувајќи на недостаток од лидерство во борбата против глобалното загревање.

„Климатските промени се движат побрзо од нас. Мораме да ги спречиме смртоносните емисии на гасови со ефект на стаклена волна и да покренеме акција за заштита на климата“ порача Гутереш.

Според него, луѓето низ светот доживуваат рекордни температури, додека екстремни бранови на топлина, шумски пожари и поплави оставаат трага на смрт и пустошење.

Гутереш потенцира дека и научниците со години предупредуваат на глобалното затоплување, но дека далеку повеќе лидери одбиваат да ги послушаат, додека далеку помалку од нив делуваат со визија каква што бара науката.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари