Грузискиот премиер поднесе оставка

Гиорги Квирикашвили денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Грузија. Како причина за напуштање на функцијата, тој ги посочи несогласувањата со лидерот на владејачката партија, Грузиски сон, Дидзина Иванишвили.

„Сега е моментот кога лидерот на партијата ќе добие можност да состави нов кабинет“, рече Квирикашвили.

Тој ја извршуваше функцијата од 30-ти декември 2015-та година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари