logo
logo
logo

Грција: Снег ја парализира Атина, одложена вакцинацијата поради лошите временски услови

Vecer | 16.02.2021

Грција: Снег ја парализира Атина, одложена вакцинацијата поради лошите временски услови

Невообичаено обилни врнежи од снег беа забележани во грчката престолнина Атина, а властите ги предупредуваат жителите, особено во северните и источните предградија, да избегнуваат непотребно да ги напуштаат своите домови, пренесува АП.

Здравствените власти соопштија дека ги одложуваат сите вакцинации против коронавирус низ регионот Атика поради лошите временски услови, а е запрена и една линија на метрото во Атина која делумно оди преку копно кон северните предградија, додека повеќето автобуси се повлечени од улиците на главниот град заради безбедносни причини, наведува агенцијата.

Снежните врнежи во центарот на Атина, кои започнаа вчера доцна и продолжија во текот на ноќта, предизвикаа прекин на електричната енергија поради соборените далноводи што градските служби ги санираа денес, а чистачите за снег и камионите кои сипаа сол се обидоа да обезбедат нормализирање на сообраќајот во центарот на градот.

Снегот е нормална појава на грчките планини и северниот дел на земјата, но многу поретко се јавува во главниот град, особено такви обилни снежни врнежи, според АП.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk