logo
logo
logo

Грчкиот премиер повика на воздржаност и смиреност по насилните протести

Vecer | 10.03.2021

Грчкиот премиер повика на воздржаност и смиреност по насилните протести


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис повика на воздржаност и смиреност по насилните судири меѓу полицијата и демонстрантите што избија синоќа за време на протестите во Атина.

„ Заслепениот гнев не води никаде“, рече Мицотакис во видео порака на Твитер.

Тој додаде дека „тажните слики на насилство“ видени за време на протестите во Атина мора да бидат последните на кои би биле сведоци грчките граѓани.

„ И животот на еден наш сограѓанин, млад полицаец кој беше во опасност, треба да не разбуди“, рече Мицотакис.

Демонстрантите излегоа на улиците откако беше објавено видео на социјалните мрежи, на кое наводно се гледа како полицијата му се заканува на маж во неделата, пренесува грчки „Катимерини“.

Четворица грчки полицајци беа повредени, од кои еден сериозно во судири со демонстрантите во атинската населба Неа Смирна, а по тој повод беа уапсени десет лица.

Според државната телевизија ЕРТ, напаѓачите со качулка фрлале молотови коктели кон полицијата, која одговорила со солзавец.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk