logo
logo
logo

Гратче од Австрија оди во карантин поради ширењето на јужноафриканскиот сој

Vecer | 24.02.2021

Гратче од Австрија оди во карантин поради ширењето на јужноафриканскиот сој

Град од Австрија оди во карантин поради ширењето на јужноафриканскиот сој на коронавирусот.

Мајрохофен, мал град во австриската провинција Тирол, ќе биде во карантин најмалку една недела. Сега има 42 активни случаи во општината во која живеат скоро 4.000 жители. Најмалку 29 случаи од јужноафриканскиот сој на вирусот се потврдени, а властите очекуваат тој број значително да се зголеми во наредните денови, пишува Der Standard. Училиштата и градинките ќе бидат затворени, а продавниците ќе бидат затворени од сабота. Жителите ќе мора да носат маски со заштита FFP-2 при напуштање на своите домови. За да се спречи понатамошно локално проширување, денес било одлучено градот да биде во изолација. До идната среда, сите жители треба да бидат двапати тестирани на вирусот.

Овој сој на коронавирусот засега го има во 41 земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk