logo
logo
logo

Град во Австралија во тридневен карантин поради еден заразeн со Ковид-19

Vecer | 23.04.2021

Град во Австралија во тридневен карантин поради еден заразeн со Ковид-19

Главниот град на Западна Австралија, Перт и блискиот регион Пил ќе влезат во брза, тридневна блокада од петок на полноќ, бидејќи еден човек бил позитивен на ковид откако излегол од хотелски карантин.

Здравствените власти велат дека тој најверојатно бил заразен за време на двонеделниот карантин во хотел во Перт, што предизвика загриженост дека имало локално пренесување на коронавирусот во времето кога се појавуваат нови видови, пренесе „Ројтерс“.

Еден од неговите блиски контакти во Перт имал Ковид-19, рече премиерот на Западна Австралија, Марк Мекгуан.

„Знам дека не е лесно да се примаат вакви информации, би сакал да не мораше да го правиме ова. Но, не смееме да ризикуваме со вирусот“, рече Мекгуан.

Човекот беше во Перт пет дена, пред да полета за Мелбурн, каде што се установи дека е позитивен.

Здравствените власти во државата Викторија, чиј главен град е Мелбурн, ги следат сите 257 патници од летот на кој бил заразениот.

„Системот за карантин во хотелите, и покрај сите подобрувања, мора да се сретне со зголемениот број на комплексни видови што нè загрижуваат, рече државниот министер на Викторија, Мартин Фули.

Мекгуан рече дека побарал од федералната влада да го намали бројот на меѓународни пристигнувања од странство во Западна Австралија на 512 од 1.025.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk