logo
logo
logo

Голем пожар беснее во Шпанија, евакуирани се 1.500 луѓе

Vecer | 14.08.2022

Голем пожар беснее во Шпанија, евакуирани се 1.500 луѓе

Пожарот што избувна вчера во општината Анон де Монкајо бил активен денеска во радиус од 50 километри, „проценети на 8.000 до 10.000 хектари“, во чии рамки се уште не е утврдена големината на опожарената површина, но се проценува дека изгореле „илјадници“ хектари, изјавила за АФП службата за итни случаи на Арагон. Брзото ширење на пожарот со помош на ветрот, претседателот на автономната заедница Хавиер Ламбан го оцени како критично.

Најмалку 1.500 луѓе се евакуирани од руралното подрачје каде што се наоѓа паркот на природата, во провинцијата Сарагоса, соопшти локалната власт. Околу 300 пожарникари го гаснат пожарот со помош на хеликоптер.

Од почетокот на годината, речиси 261.930 хектари изгореле во 388 пожари во Шпанија, покажуваат податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS). Тоа е најголемата опожарена површина во земја од Европската унија оваа година и најголема во Шпанија од 2000 година, кога почнале мерењата.

На пожарите им помагаат екстремно високите летни температури во Шпанија, која беше зафатена од три топлотни бранови за неполни два месеци.

Според експертите, честото појавување на топлотни бранови е директна последица на климатските промени, кои истовремено влијаат на нивната сила, времетраење и зачестеност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk