logo
logo
logo

ГИ ИЗЕДЕ ИНФЛАЦИЈА: Американци пазарат во Мексико оти е ПОЕВТИНО

Vecer | 13.08.2022

ГИ ИЗЕДЕ ИНФЛАЦИЈА: Американци пазарат во Мексико оти е ПОЕВТИНО

Жителите на Јужна Калифорнија ја преминуваат границата со Мексико за да купуваат и да заштедат пари.

Рекордно ниво на инфлација влијаеше на буџетот на домаќинствата на Американците, објави „Њујорк пост“.

Дејвид Мекарти, жител на Чула Виста, јужно од Сан Диего, редовно патува до Мексико, кое е оддалечено 20 минути.

Тој и неговата сопруга Марија, ги паркираат своите автомобили на граничните рампи и ја минуваат меѓународната граница пеш, влегувајќи во блискиот град Тихуана, каде што купуваат различни производи во супермаркетите.

„Ако вашиот буџет е намален, мора да се грижите за себе“, рече Мекарти за „Њуз нација“.

Инфлацијата се зголеми за 8,5 отсто во јули, што е блиску до рекордно ниво што не е забележано во претходните 40 години.

Жителите на Тихуана рекоа дека забележале зголемен број Американци кои доаѓаат во нивниот град и купуваат намирници кои се поевтини.

Така е, галон млеко е 50 отсто поевтино отколку во САД, додека тоалетната хартија е поевтина за четири долари.

Некои Американци сметаат дека е вредно да одат два часа возење до Тихуана, бидејќи и онака заштедуваат пари.

Американецот Хибран Хименез за „Њуз нејшн“ изјавил дека тој, неговата бремена сопруга и двете деца влегле во автомобил и се возел два часа до Тихуана.

Со оглед на тоа дека следниот месец ќе се роди неговото трето дете, Хименез внимава да не очекува повеќе отколку што веќе има.

„Морам да заштедам пари, колку што можам. Секој денар се гледа“, изјави Хименез.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk