logo
logo
logo

Германски експерт: Полицискиот час е контрапродуктивен

Vecer | 14.04.2021

Германски експерт: Полицискиот час е контрапродуктивен


Германскиот експерт за аеросоли Герхард Шојх смета дека полицискиот час, од епидемиолошка гледна точка, е контрапродуктивен.

Шојх за телевизијата WDR изјави дека планираните федерални мерки, кои вклучуваат полициски час од 21 до 5 часот наутро, не се добри.

Поранешниот претседател на Меѓународното друштво за истражување на аеросоли, истакна дека со таквата мерка граѓаните се принудени да седат во затворени простори, кои се помалку безбедни од епидемиолошка гледна точка.

„Ако воведеме полициски час, тогаш им сугерираме на граѓаните – внимавајте, надвор е опасно. А всушност е обратно“, подвлече тој.

Шојх посочува дека е поопасно ако граѓаните поминуваат повеќе време во затворени простории.

Минатата година, која беше обележана со пандемија на коронавирус, забележано е зголемено купување на тутунски производи и алкохол во Германија.

Потрошувачката на тутунски производи и алкохол во Германија е зголемена повеќе од европскиот просек.

Со околу 28,8 милијарди евра, вкупните расходи за тутунски производи се зголемија за пет проценти.

Што се однесува до алкохолот, сè уште нема точни податоци, но се проценува дека има зголемување на зависноста кај граѓаните на возраст меѓу 18 и 64 години, според извештајот за зависности.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk