logo
logo
logo

Германската полиција запленила 1,2 тон кокаин, скриен во банани во близина на Потсдам

Vecer | 29.03.2023

Германската полиција запленила 1,2 тон кокаин, скриен во банани во близина на Потсдам

Во соопштението за медиумите на покраинската полиција Бранденбург, се наведува дека одделот за наркотици во акција против трговците на големо со овошје и зеленчук пронашле околу 1,2 тони кокаин скриен меѓу пакувањата со банани.

Утврдено е дека кокаинот со брод се пренесувал од Јужна Америка во Германија, а од таму по копно до Грос Кројц. Полицијата соопштила дека истрагата продолжува.

Во провинцијата Бранденбург во јули 2022 година беа запленети 660 килограми кокаин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk