logo
logo
logo

Германија воведува божиќен „локдаун“ за невакцинираните

Vecer | 02.12.2021

Германија воведува божиќен „локдаун“ за невакцинираните

На невакцинираните лица им е оневозможен пристап до речиси сите фирми, освен до продавниците кои се неопходни и до аптеките. Оваа забрана важи и за ресторани, кафулиња, театри, кина...

Федералните и државните лидери се согласија за следните мерки:

- Контакт ограничувања за невакцинирани лица

-Вакцинираните или оздравените лица ќе можат да влезат во продавници, ресторани, музеи и кина

- Можни се дополнителни тестови за невакцинираните во исклучителни ситуации

„Ќе имаме божиќно заклучување за невакцинираните“, рече Меркел по средбата.

Бројот на луѓе дозволени на спортски и културни настани ќе биде значително ограничен на максимум 30-50 проценти од капацитетот за седење. Максималниот број на луѓе што ќе бидат дозволени на вакви настани во затворен простор е 5.000, а на отворено 15.000.

Ноќните клубови ќе бидат затворени во области каде стапката на зараза ќе биде превисока, најави Меркел.

Приватните собири на кои ќе присуствуваат невакцинираните ќе бидат ограничени на членовите од едно домаќинство и две лица од надвор од домаќинството.

Покрај постојната обврска за вакцинација за одредени институции, наскоро би можела да се воведе и општа обврска за вакцинација. Доколку се постигне договор, тоа ќе треба да биде одобрено од Парламентот. Меркел по средбата денеска изјави дека ја поддржува ваквата мерка.

Идниот германски канцелар Олаф Шолц (СПД) најави дека постапката за носење закон за воведување општа обврска за вакцинација може да започне до крајот на годинава. Како што рече, пратениците ќе бидат ослободени од партиската дисциплина и ќе гласаат по своја совест. Овој начин на зборување во Бундестагот се применува за етички чувствителни прашања.

Германија вчера забележала 446 смртни случаи како последица на короната, што е најголем број во последните девет месеци. Во последните 24 часа имало 73.209 нови случаи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk