Германија регистрирала зголемено ниво на радијација во Европа

Германската Сојузна агенција за заштита од радијација денеска информираше дека од 29 септември регистрира зголемено ниво на радиоактивниот изотоп рутениум 106 во воздухот над Германија, Италија, Австрија, Швајцарија и Франција.

Според соопштението на Агенцијата, зголеменото ниво на радијација регистрирано изминатата недела, не е опасно по здравјето на луѓето.

Портпаролот на Агенцијата, Јан Хенрик Лауер изјави дека не е познат изворот на радијацијата, но дека таа најверојатно доаѓа од источна Европа.

Изотопот рутениум 106 се користи за лекување на одредени видови на карциноми и како енергенс во сателити.

Поврзани

Најнови вести

Коментари