logo
logo
logo

Германија ОЧЕКУВА ДЕКА ВОЈНАТА ЌЕ ТРАЕ ДОЛГО?

Vecer | 17.03.2023

Германија ОЧЕКУВА ДЕКА ВОЈНАТА ЌЕ ТРАЕ ДОЛГО?

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не очекува наскоро да заврши војната во Украина.

Тој за германскиот деловен дневен весник потврди дека Берлин ќе го поддржува Киев се додека е потребно со пари и оружје.

„Треба да бидеме подготвени за продолжена војна, иако би бил пожелен претходен крај“, рече Шолц. Тој додаде дека е апсолутно клучно Кина да не ѝ дава оружје на Русија.

Шолц истото го посочи пред само десетина дена која рече дека постои ризик конфликтот во Украина да биде долготраен.

Се плашам дека тоа ќе продолжи уште долго, иако секако сакаме работите да се менуваат секој ден“, изјави Шолц.

Границите не смеат да се менуваат со сила, а западните земји ја поддржуваат Украина за да може да се брани, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk