Податоците објавени рано утринава од Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ) покажуваат дека бројот на смртни случаи од или со Ковид се искачил на 100.119.

Бројот на пријавени инфекции во еден ден, исто така, за прв пат надминал 70.000, односно здравствените власти забележале 75.961 случај за 24 часа, во споредба со 65.371 новозаразени една недела порано.

Последната инциденца од седум дена е 419,7, што е уште еден рекорд од почетокот на пандемијата. Претходниот ден била 404,5, а недела пред тоа изнесувала 336,9.

Дневниот број на починати е 351, што е повеќе од 264 минатата недела.

РКИ објавиле дека од почетокот на пандемијата се заразени 5.573.756 лица. Се верува дека вистинската бројка е многу поголема, бидејќи многу случаи остануваат неоткриени. Вкупно 4.744.400 луѓе закрепнале од коронавирусот во Германија.