logo
logo
logo

Гејтс: Вакцината дејствува, веќе од есен ќе се чувствуваме понормално

Vecer | 19.03.2021

Гејтс: Вакцината дејствува, веќе од есен ќе се чувствуваме понормално

Книгата на Бил Гејтс „Како да се избегне климатска катастрофа“ се искачи на првото место на листата на бестселери според „Њујорк тајмс“. Тој даде интервју за тоа, но притоа го изнесе и своето мислење за ковид-кризата.

„Би бил шокиран ако има значителен број училишта што би спровеле учење на далечина од есен. Сè уште треба да го добиеме нивото на прифаќање на вакцините во заедници со ниски примања и кај луѓе со друга боја на кожа. Треба да покажеме дека нашите најпаметни луѓе примаат вакцина и дека дејствува, рече Бил Гејтс.

Но, дури и ако добиеме повисоко ниво на вакцинација, нема да се вратиме целосно на старото. Во остатокот од светот можеби ќе биде крајот на 2022 година пред да се постигне такво ниво. Некогаш беа потребни 20 години за да пристигнат вакцините од богатиот дел од светот во земјите во развој. Ситуацијата сега е подобра, но сепак не е доволно добра. Но, мислам дека ќе се чувствуваме многу понормално наесен“, додаде Гејтс.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk