logo
logo
logo

Бил Гејтс до богатите: ЈАДЕТЕ ВЕШТАЧКО ГОВЕДСКО МЕСО

Vecer | 17.02.2021

Бил Гејтс до богатите: ЈАДЕТЕ ВЕШТАЧКО ГОВЕДСКО МЕСО

Американскиот милијардер Бил Гејтс бара поодговорен однос на развиените земји кон животната средина, а како еден од првите чекори е исхрана со вештачко говедско месо

Тој во својата книга „Како да се избегне климатска катастрофа“ ја промовира важноста за зачувување на планетата и запирање на климатските промени, на што негативно влијаат производството на храна, поточно месо, како и фосилни горива, нафтени компании итн ...

Некои фарми веќе произведуваат 3Д „печатено“ месо, направено од животински клетки, за да се избегне колење. Исто така, во рестораните започна и сервирањето вештачко месо, како пилешко од лабораторија.

Гејтс наведува дека „богатите земји треба да преминат на 100% вештачко говедско месо“, со цел да се реши проблемот со ефектот на стаклена градина.

Според него покрај поддршката на технологијата, ќе биде потребна и помошта на светските влади, со цел да се избегнат климатски катастрофи.

-  Не мислам дека 80-те најсиромашни земји ќе јадат синтетичко говедско месо. Но, мислам дека сите развиени земји треба да преминат на такво месо - истакна американскиот бизнисмен.

Според истражувањето, штетните емисии достигнале рекордно ниво, а за голем дел, се наведува, придонесува размножувањето на кравите. Количината на метан во атмосферата се зголеми масовно помеѓу 2000 и 2017 година, што доведе до зголемување на глобалното затоплување на четири степени Целзиусови.

Научниците предупредуваат дека ова е опасен праг за „преминување“, што доведува до зголемен ризик од природни катастрофи, поради нарушувања во животната средина, што би предизвикало масовно гладување и миграција.

Дополнителен проблем во врска со вештачкото месо е тоа што, посочуваат експертите, техниката за производство на синтетичко говедско месо не е економична. Компаниите кои се занимаваат со овој алтернативен пристап учествуваат со помалку од 1% во месната индустрија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk