logo
logo
logo

Газпром: Приходите од извоз се поголеми од очекуваното, продолжуваме со инвестиции

Vecer | 23.09.2022

Газпром: Приходите од извоз се поголеми од очекуваното, продолжуваме со инвестиции

Инвестициската програма за оваа година е зголемена за 222 милијарди рубљи, на 1.980 милијарди рубљи (33,38 милијарди долари), објави руската компанија.

Капиталните трошоци ќе бидат повисоки за 319,1 милијарди рубљи и ќе изнесуваат 1.750 милијарди рубљи, главно поради дополнителни средства за развој на центри за производство на гас на полуостровот Јамал и на истокот на Русија. „Новиот буџетски план рефлектира за 34 отсто поголеми приходи од продажба на гас отколку што беше предвидено во првата верзија на буџетот“, објави Садигов на каналот Телеграм.

„Помалиот обем на извоз на гас беше целосно неутрализиран со зголемувањето на извозната цена“, појасни Садигов. Повисоките приходи во првата половина од годината ги „покриле“ повисоките даночни обврски и важните инвестициски проекти, како што се гасоводот „Моќта на Сибир“ и складиштето на полуостровот Јамал во северен Сибир, додаде шефот на „Газпром“.

„Компанијата ќе плати и 1.200 милијарди рубљи (20 милијарди долари) дивиденда за резултатите во првата половина од годината, рече Садигов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk