Газда на бордели во Невада победи на изборите, иако е починат веќе три недели (ВИДЕО)

Сопственик на бордели и ѕвезда на реално шоу освои место во државното собрание на Невада неполн месец откако почина.

Најпознатиот американски макро, Денис Хоф, кој одненадеж починал пред три седмици славејќи го својот 72. роденден во еден од своите легални бордели во Кристал, Невада, останал на републиканската листа на вчера одржаните избори за Конгресот и победил.

Хоф своевремено се кандидирал за конгресмен од Невада, а иако починал пред 3 седмици, неговото име некако останало на листата.

И починат успеал да освои 68 проценти од гласовите и да ја победи Лесиа Романов, која се кандидирала од Демократската партија.

„Знам дека републиканците доживеаја масакр во Невада вечерва, но мојот човек Хоф од оној свет ги прегази својот противник и кампањата против борделите. Затоа, се извинувам, но јас ќе славам", изјави водачот на кампањата на Хоф, Чак Мат.

Републиканците велат дека едноставно ќе го заменат со друг човек и така ќе го решат тоа место.

Потсетуваме, Хоф бил загрижен републиканец и себеси се нарекувал "Трамп од Пахрумпа". Кампањата за Конгресот ја водел многу сериозно, што покажува и резултатот, но нема да ужива во политичката кариера бидејќи во меѓувреме починал.

Хоф, сопственик на повеќе легални бордели, славел роденден и се забавувал со една од своите проститутки, Даша. Таа тврди дека го оставила жив, а утрото мртов го пронашол неговиот пријател, порно актерот Рон Џереми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари