logo
logo
logo

Газа погодена од нови жестоки бомбардирања откако Нетанјаху најави дека војната со Хамас ќе се засили

Vecer | 17.05.2021

Газа погодена од нови жестоки бомбардирања откако Нетанјаху најави дека војната со Хамас ќе се засили

Израелските авиони утрово извршија нова серија жестоки напади на Газа, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху навести дека четвртата војна со палестинските милитанти ќе се засили. Конфликтот влезе во втората недела, а официјални лица од Газа кажаа дека вчерашниот ден бил најсмртоносен досега, откако загинале 42 луѓе, од кои 10 деца.

Израелската армија соопшти дека во 80 воздушни напади бомбардирала подземни тунели и домови на деветмина командири на Хамас во јужниот и северниот дел на појасот. Тоа уследи откако Хамас испука ракети кон израелските градови Бершева и Ашкелон.

На вчерашниот состанок на Советот за безбедност на Обединети нации, САД кажаа дека се подготвени да понудат поддршка доколку страните сакаат да постигнат примирје, но тие засега не даваат сигнали за тоа.

„Нападите ќе продолжат со полна сила. Израел сака да му наплати висока цена на Хамас и да спречи идни судири“, кажа Нетанјаху во последното телевизиско обраќање, придружуван од министерот за одбрана Бени Ганц, инаку негов политички ривал.

Од почетокот на борбите минатиот понеделник, од Газа биле испукани повеќе од 3.000 ракети, но Палестинците се тие кои ги бројат мртвите. Досега загинале 197 луѓе во Газа, од кои 58 деца, а во Израел десетмина. Нема информации за евентуални жртви во денешните напади.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk