logo
logo
logo

Гаспром И ПОМОГНА НА УНГАРИЈА да ги наполни РЕЗЕРВИТЕ ЗА ЗИМАТА

Vecer | 13.08.2022

Гаспром И ПОМОГНА НА УНГАРИЈА да ги наполни РЕЗЕРВИТЕ ЗА ЗИМАТА

Рускиот гасен гигант Гаспром почна да и обезбедува на Унгарија дополнителни количества гас.

Додатокот го побара владата на премиерот Виктор Орбан за да ги реши проблемите со снабдувањето со енергија во текот на зимата, изјави претставник на Министерството за надворешни работи во Будимпешта, пишува Блумберг.

Од петокот, „Гаспром“ го зголеми протокот кон Унгарија за 2,6 милиони кубни метри дневно до крајот на август користејќи го гасоводот „Турски поток“ што минува низ Балканот, објави во саботата на Фејсбук државниот секретар на Министерството за надворешни работи Тамаш Менчер.

Разговорите за дополнителни количини за септември продолжуваат, рече тој.

Унгарија бара да набави 700 милиони кубни метри дополнителен природен гас над износите наведени во повеќегодишниот договор на земјата со Гаспром, со цел да ги зголеми резервите на гориво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk