logo
logo
logo

Гардијан: Анексијата на Путин е најголемото заземање територија по Втората светска војна

Vecer | 30.09.2022

Гардијан: Анексијата на Путин е најголемото заземање територија по Втората светска војна

Тоа е најголемото принудно преземање територии во Европа од Втората светска војна, пишува Гардијан.

Церемонијата на потпишување се одржа во палатата во Кремљ, а на неа присуствуваше политичката елита во земјата. Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин прогласи анексија на четири региони во Украина - Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

Путин одржа еден од своите најизбезумени говори во кој, меѓу другото, рече дека Западот ги крши човековите права, дека уништувањето на западната хегемонија е неповратен процес и дека светот никогаш повеќе нема да биде ист. По 40-минутниот говор, тој ја потпиша анексијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk