logo
logo
logo

Фрли бомба на џамија, па го смени полот, СЕГА ДОБИ ДОЖИВОТНА РОБИЈА

Vecer | 14.09.2021

Фрли бомба на џамија, па го смени полот, СЕГА ДОБИ ДОЖИВОТНА РОБИЈА

Лидерот на екстремистичката организација, Емили Клер Хари (50), беше осудена на доживотен затвор за бомбашки напад во џамија во 2017 година во исламскиот центар Дар ал -Фарук во Блумингтон, САД.

Станува збор за маж кој неодамна го промени полот и стана жена. Тој беше прогласен за виновен, по петнеделно судење по пет точки од федералното обвинение за поставување експлозив во исламскиот центар Дар ал-Фарук во Блумингтон, Минесота, во моментот додека верниците беа во објектот на утринската молитва.

Никој не беше повреден во бомбардирањето, но е осудена на 53 години затвор.

„Емили Клер Хари, порано позната како Мајкл Хари, беше осудена на доживотен затвор на 5 август 2017 година за поставување бомба во исламскиот центар Дар ал-Фарук во Блумингтон, Минесота“, се вели во соопштението на американското Министерство за правда.

Окружниот судија Донован Френк го опиша нападот организиран од Хари како „високо софистициран и намерен чин на домашен тероризам“.

„Разновидноста е силата на оваа земја. Секој што не разбира, не ја разбира одредбата од Уставот што им овозможува на многумина да го најдат својот дом во САД. „Секоја казна затвор помала од 636 месеци ќе биде кршење на законот“, нагласи судијата Френк.

Хари кратко се обрати пред судот пред пресудата и изјави дека ги поминала првите 47 години од својот живот во просперитет, дека не може да се жали за последните три години и им посака највисоки божји благослови на жртвите што поминаа низ трауматичен период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk