logo
logo
logo

„Фридом хаус“: Пад на демократијата во целиот свет

Vecer | 03.03.2021

„Фридом хаус“: Пад на демократијата во целиот свет


Според последниот извештај на меѓународната невладина организација „Фридом хаус“, земјите од Западен Балкан, вклучително и Србија, се во категоријата делумно слободни држави и се посочува дека падот на демократијата минатата година е забележан во целиот свет.

Во извештајот „Слободата во светот 2021 година – Демократијата под опсада“ се наведува дека во 2020 година Србија бележи пад од два поена и сега има вкупно 64 од вкупно 100 можни, а САД имаат пад од 11 поени и сега имаат 83.

Според извештајот, Србија бележи пад од 14 поени во областа на политичките права и граѓанските слободи во текот на последната деценија и е во групата со САД, Турција, Унгарија и Полска.

Во извештајот се наведува и дека назадување имало на територијата на целиот Западен Балкан во текот на 2020 година.

Забележан е и напредок кај некои земји, како што се Црна Гора и Северна Македонија, чии институции, како што стои во извештајот, во голема мера се повратија „од штетата што им ја нанесе поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски“.

Извештајот опфаќа 195 светски земји и 15 територии и најдобро ги рангира скандинавските земји Финска, Норвешка и Шведска, кои имаат по 100 поени, а Северна Кореја е на најлошо место со три бода.

Извештајот исто така покажа дека граѓаните на вкупно 73 земји во светот живеат во услови на деградација на политичките и граѓанските права, а напредок во тие области е регистриран во 28 земји.

54 земји во светот се класифицирани како слободни земји, во кои живеат вкупно 38 проценти од светската популација, а помалку од 20 проценти од светските граѓани живеат во услови на целосна слобода – што е најлош ефект од 1995 година.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk