logo
logo
logo

Фрчат шеги на сметка на Путин! Џонсон: Дали да ја соблечам јакната? (ВИДЕО)

Vecer | 26.06.2022

Фрчат шеги на сметка на Путин! Џонсон: Дали да ја соблечам јакната? (ВИДЕО)

Лидерите на самитот на Г7 на најразвиените индустриски земји во Германија се пошегуваа со изгледот на рускиот претседател Владимир Путин.

А тоа зборувајќи за тоа што треба да направат за да изгледаат посилни од него.

Додека лидерите на Г7 седеа на инаугуративната седница на самитот, можеше да се слушне од британскиот премиер Борис Џонсон како прашува дали треба да ја соблече јакната или не, пренесува агенцијата АП.

„Сите ние треба да покажеме дека сме посилни од Путин“, рече тогаш Џонсон.

Рускиот претседател Владимир Путин често се појавуваше на фотографии без кошула и во пози кои укажуваат на неговата сила и издржливост.

Фото: Thomas Lohnes

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk