logo
logo
logo

Францускиот парламент го прифати нацрт-законот за воведување потврда за вакцинираност

Vecer | 16.01.2022

Францускиот парламент го прифати нацрт-законот за воведување потврда за вакцинираност

Францускиот парламент го прифати во завршното гласање во неделата нацрт-законот со кој се воведува потврда за вакцинирање против Covid-19 која владата сака да ја воведе поради новото ширење на епидемијата на коронавирусот.

За текстот на законот гласале 215 пратеници, 58 биле против и седум биле воздржани.

Пратениците на опозициските социјалисти најавуваат подготвување жалба пред Уставниот совет за да се гарантира почитување на „темелните слободи“, што за неколку дена ќе го одложи потпишувањето на нацрт-законот.

Според новиот закон за кој беше водена жестока дискусија во парламентот, бидејќи опозициските парти оценија дека одредени одредби се престроги, граѓаните ќе мора да предочат потврда дека се вакцинирани за да можат да влезат во ресторни, кафулиња, кино и концертни сали како и во возовите на подолгите дестинации. Во моментов може да се влегува во јавните простори со покажување негативен тест на Covid-19.

Во Франција 78 отсто од населението се вакцинирани најмалку со две дози од вакцините, според податоците коишто во саботата ги објави министерството за здравство.

Повеќе илјадници противници на вакцинирањето протестираа во Париз и другите големи француски градови во саботата, но според полицијата одѕивот бил многу помал отколку пред една седмица кога беше објавена пораката на претседателот Емануел Макрон дека сака „да ги изнервира“ невакцинираните така што толку ќе им го отежне животот што на крајот ќе решат да се вакцинираат.

Франција е на удар на новиот бран на короназаразите, што се припишува на позаразната омикрон варијанта на вирусот. Се бележат повеќе од 300.000 новозаразени на дневно ниво. Бројот на заразите на 100.000 лица во целата земја во седумдневниот период неодамна беше 2.829. Меѓутоа, бројот на ковид-пациентите со тешка форма на болеста кои мора да бидат хоспитализирани на одделите за интензивна нега е многу помал отколку во првиот бран во март и април 2020 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk